[...] „Имам предлог.“ Се навали кон мене како што прави другарка ми Април кога сака да пренесе некоја тајна, иако нејзините тајни не се нешто добри. А не се ни некои тајни. „Ако не кажеш на никој дека сум тука, можам да ти ги поправам очите.“
„Бегај бе, како да не!“
Трепна два пати. „Баш таа ми е целта.“
„Мислев, не можеш да ми ги поправиш!“
„Зошто да не можам?“
„Па, никој до сега не успеал да ми ги поправи очите, освен со очила.“
„Ама јас имам одредени способности. Ќе видиш, само ако-“
„-Ако не кажам на никој за тебе?“
„Во суштина, тоа е сржта.“
„Како да знам дека нема да ме ослепиш? Дека не си како оние телемаркетарите кои ветуваат сешто ама лажат сушат.“
Почна повторно да ме убедува. „Не би направил такво нешто на суштество кое не ми сторило никаква штета.“
„Што значи дека ако ти наштетам можеш да ме ослепиш?“
„Би ти го кажал тоа само ако е неопходно да знаеш.“
„И ако ми ги поправиш очите и ако не кажам на никој за тебе ќе ни ги напуштиш полињата?“
„Во суштина!„ [...]